Папата Франциск откри кој му е омилен фудбалер

Папата Франциск е познат како голем љубител на фудбалот, а во разгово за „РАИ1“ откри кој е негов омилен фудбалер.

Иако се очекуваше папата Франциск  да каже дека тоа е Диего Марадона или Лионел Меси, тој се одлучи за Пеле.

„Би рекол Пеле. Ги следев сите тројца. Сите тројца се одлични, секој е посебен. Во моментов Меси е многу добар. Тој е коректен, господин, но мене ми е омилен Пеле. Пред Меси и пред Марадона“, рече папата Франциско.

Инаку, папата Франциск е познат како голем обожавател на Сан Лоренцо.

Се вчитува...