Папу Гомез го избра новиот клуб, се чека само на Аталанта

Алехандро Гомез е решен да си замине што поскоро од Аталанта, за да ја заврши војната со тренерот Гасперини и да сврти нов лист во кариерата. Аргентинскиот плејмејкер во изминатиот период доби бројни понуди, Аталанта инсистираше да не го продаде на директен ривал во Калчо-лигата, за Гомез на крајот да го избере новиот клуб – шпанскиот прволигаш Севилја.

Директорот Мончи во изминатите денови му го презентираше својот проект на Гомез, кој ги договори и личните услови. Сега се чека само на „амин“ од Аталанта, чии челници би требало да дадат зелено светло за заминување на фудбалерот кој пред нецели два месеци влезе во војна со Гасперини, а управата застана на страна на тренерот, одбивајќи ја понудената оставка.

Понудата на Севилја изнесува два милиони евра за позајмица, плус задолжителен откуп на крајот од сезонава за дополнителни четири милиони евра. Гомез веќе најавил дека ако не биде прифатена, тој ќе остане во клубот до јуни одбивајќи ги сите останати понуди, што ќе биде само проблем плус за Аталанта во клучниот дел од сезоната.

Се вчитува...