Алехандро Папу Гомез неодамна објави дека планира пензинионирање од професионалниот фудбал откако го раскина договорот со Севилја. Но, потоа следеше неочекуван повик од италијански прволигаш.
Според италијанските најави, Монца го договорила доаѓањето на аргентинскиот офанзивец откако и се повреди Џанлука Капрари. Веќе се е договорено, само се чека официјалната промоција на Гомез во клубот.
35-годишниот Гомез во Европа пристигна во 2010 година во Катанија. Пред девет години играше за Аталанта, а последните три сезони играше за Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

