Мина само еден ден од СП 2018, а веќе го добивме и најголемиот папучар на овој мундијал. Станува збор за Мексиканецот Хавиер, кој бил договорен заедно со своите пријатели да допатува во Русија за да ја бодри својата национална селекција, се додека не добил забрана за такво нешто од својата девојка.
Одговорот на тројцата пријатели е оригинален, тие го испечатиле ликот на Хавиер на картон, па го шетаат низ улиците на руските градови, за и тој да биде дел од мундијалот.
На „папучарот“ сигурно му е најтешко, ем мора да гледа мундијал на ТВ, ем сега сите ја дознаа неговата причина за непатувањето во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА