Благата казна што УЕФА ја изрече за расистичките навреди на бугарските фанови за време на мечот со Англија предизвика бурни реакции. Единствено Бугарите се жалат дека санкцијата е жестока, додека остатокот од светот не крие дека очекувал многу поригорозна реакција од страна на европската куќа на фудбалот.
Само за споредба, Никлас Бентнер беше казнет со 80.000 фунти и еден меч суспензија бидејќи при прославата за постигнатиот гол на ЕВРО 2012 покажа дел од долната облека, брендирана со обложувалницата „Педи Пауер“.
„Како може Данецот да биде поригорозно казнет од сите оние мајмунски извици и свирежи кон црномурестите англиски фудбалери“ – гласно прашуваат голем дел од британските медиуми.
Кога е УЕФА во прашање, дефинитивно се е возможно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА