Македонскиот параглајдеристот Борјан Јованоски го освои третото место во категоријата Крос Кантри на ФАИ2 Меѓународниот параглајдинг натпревар „Прои Рмахи Опен 2019“ кој се одржа изминативе денови во Промахи, Грција.
На настанот на кој учествуваа 41 пилот од шест држави, Македонија, Русија, Грција, Бугарија, Јужна Кореа и Норвешка, македонскиот тим екипно освои високо трето место. Македонија во Грција ја претставуваа Борјан Јованоски (трето место во спортска класа (до ЕН-Ц крила) од Параглајдинг Клуб Делта), Александар Ангеловски (5. место од ПК Делта), Дарко Станковски (4. место – сите категории од ПК АКВИЛА), Адам Спиркоски (4. то место од ПК Скајрајдерс) и Борис Данески (10. место од ПК Љуботен).
Организаторот ПК Едеса успеа да одржи две успешни трки кои се одвиваа во отежнати временски услови.
Следниот настап на националната параглајдинг репрезентација е на Светскиот Куп во прецизно слетување во Аланија, Турција од 19. до 21. април 2019.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА