Парагвајски фудбалер поради најбизарна причина не настапи за репрезентацијата

Парагвајскиот фудбалер Андрес Кубас поради најбизнарна причина пропушти да настапи за својата репрезентација на пријателските натпревари против Соединетите американски држави и Мексико.

Имено, како што открива неговиот татко, фудбалерот кој настапува за Ванкувер во МЛС првенството го загубил пасошот со тоа што го оставил во валканите панталони кои завршиле во машина за перење.

„Го заборави пасошот во панталоните. А, ни госпоѓата која работи таму не приметила и ги ставила во машината за перење. Беше многу лут“, откри неговиот татко Франциско. „Андрес успеа да добие нов пасош, но не можеше да ја заврши постапката за добивање на виза за напуштање на Канада на време за да и се приклучи на репрезентацијата“

Се вчитува...