Паранормални појави на меч во Бразил? Чапокаенсе постигнува голови „со помош на духови“ (ВИДЕО)

Бразил деновиве е оптоварен со чудната ситуација која се случи на првенствениот натпревар меѓу Чапокаенсе и Атлетико Минеиро.

Во 42. минута по изведениот корнер на Чапокаенсе топката невообичаено, надвор од физичките закони, во еден момент целосно го промени правецот на движење, за да потоа се врати во оригиналната траекторија. Веднаш по мечот се огласија од клубот истакнувајќи дека топката не била погодена од некој предмет како што тврдеа дел од присутните на стадионот.

Оние празноверните, пак, веруваат дека сето тоа е поврзано со лошата енергија на стадионот поради трагедијата од пред три години. Да биде лудоста поголема, се јавуваат и објаснувачи кои истакнуваат дека тоа се „духовите на фудбалерите кои загинаа во авионската несреќа кои сега им помагаат на актуелните играчи од својот тим“.

Бразилските медиуми го ангажираа дури и тамошниот познат физичар Аленкара Маљавачу да се обиде да објасни што точно се случило, но ниту тој немал јасен одговор.

„Не изгледа како Магнусов ефект, тоа е кога ротацијата на еден објект влијае на неговата траекторија, затоа што се случи одеднаш. Можно е да дошло до удар од друг тврд предмет но и тоа не е баш веројатно, затоа што не се гледа тој судар. Тоа што ми е најлогично е дека се работи за силна воздушна струја која се случила сред промена на притисокот“ – вели Маљавачу.

Се вчитува...