Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја одбранија титулата во францускиот фудбалски Супер-куп откако вечерва на „Паркот на принцовите“ славеа над Тулуз со 2-0.
Избраниците на Луис Енрике уште во 3. минута од натпреварот поведоа со 1-0 со погодокот на Ли Канг Ин. Конечните 2-0 беа дело на најдобриот фудбалер на „светците“, Килијан Мбапе во 44. минута.
За актуелниот француски шампион ова е 12. трофеј во ова натпреварување со што се убедливо најуспешниот тим.
PSG [2] – 0 Toulouse – Kylian Mbappé 45'
byu/PSGCampus insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

