Ракометарите на Пари Сен Жермен успеаја да слават на домашен терен против Алборг со 33-30 во дерби натпреварот на 5. коло во Лигата на шампионите.
Домаќините одлично го отворија натпреварот и во еден период од првото полувреме имаа и плус четири (13-9), но како одминуваше времето гостите заиграа подобро па на пауза заминаа со само минус еден 15-14.
Во вториот дел се играше гол за гол се до последните пет минути кога избраниците на Раул Гонзалез успеаја да го урнат отпорот на противникот и да стигнат до конечен триумф од 33-30. Пранди со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Микел Хансен заврши со седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА