Францускиот првак Пари Сен Жермен планира нов обид за ангажман на Лионел Меси, тврдат медиумите во оваа земја. Аргентинецот се уште нема потпишано продолжување на договорот со Барселона, и се додека тоа не се случи другите клубови имаат право да се надеваат дека можеби и ќе се премисли и ќе го напушти „Камп Ноу“. Секако, ова е и провокација пред меѓусебниот дуел во Лигата на шампионите.
Финансиите не се проблем за челниците на ПСЖ, па „светците“ се подготвени да ја платат отштетната клаузула во договорот, но и на Лионел Меси да му понудат годишна плата од 30 милиони евра.
Меси, секако, преговара и со Барселона за продолжување на договорот и секогаш напоменува дека негов приоритет е да остане на „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА