Пари Сен Жермен тргнува по потписот на Коло Муани

Францускиот шампион Пари Сен Жермен има огромни финансиски средства на располагање во актуелниот преоден рок, но не може да најде соодветно засилување за во нападот.

„Светците“ не успеаја во намерата да договорат соработка со Хари Кејн од Тотенхем и Виктор Осимен од Наполи, па раководството на Париз се сврте кон напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Коло Муани.

Францускиот репрезентативец минатата сезона имаше одлична статистика во Бундеслигата каде постигна 15 гола и забележа 14 асистенции.

Според француски „Л’Екип“, претседателот на тимот Насер Ал-Келаифи е во директен контакт со претставниците на Коло Муани и е многу заинтересиран да го доведе напаѓачот во својот тим.

Пред да дојде во Ајнтрахт во 2022 година, Коло Муани играше за Нант, а беше на позајмица во Булоњ. За француската репрезентација одигра девет натпревари.

Се вчитува...