Паричките на клупа му донесоа среќа на Шалке

Црната серија на Шалке од пет порази од стартот на Бундес-лигата конечно заврши денеска, откако овој тим на домашен терен славеше над Мајнц со 1-0. Фоторепортерите на стадионот во Гелзенкирхен пред мечот забележаа дека на секое столче на клупата на Шалке стои паричка за среќа. На крајот, домаќините се радуваа на триумфот благодарение на голот што во 11. минута го постигна Шопф.

Лајпциг во најинтересниот натпревар како гостин славеше над Хофенхајм со 1-2. Домаќините имаат за што да жалат бидејќи при резултат 0-0 промашија неколку убави шанси, еднаш ја погодија и гредата, за што беа казнети со двата гола на Поулсен во вториот дел од натпреварот. Конечните 1-2 во судиското продолжение од пенал ги постави Крамариќ.

Штутгарт славеше над Вердер со 2-1 во меч што гостите го завршија со десет играчи по исклучувањето на Вељковиќ уште во првото полувреме.

Резултати Германија: 

Хофенхајм – Лајпциг 1-2, Штутгарт – Вердер 2-1, Нирнберг – Фортуна 3-0, Шалке – Мајнц 1-0, Волфсбург – Борусија М. 2-2.

Се вчитува...