Парични казни за КК Чаир 2030, еден меч без публика и суспензија за тренерите

Кошаркарската федерација на Македонија ги изрече казните за натпреварите од 10. коло во Првата МТЕЛ лига. Екипата на КК Чаир 2030 за случувањата на натпреварот со Куманово, кој заврши со резултат 91-95, доби големи парични казни, а згора на тоа и суспендирани се тренерот и помошникот тренерот на екипата.

За влегување на неслужбени лица на теренот, КК Чаир е казнет со 16.000 денари, и настап без публика на домешн терен од еден натпревар. Тренерот на КК Чаир 2030 Рамадан Е. е казнет со 32.000 денари и забрана за вршење на должност од еден меч. Иста казна заработи и помошникот тренер Исмаили Е.

Екипата на КК Чаир се казнува со 10.000 денари за јавно коментирање на судењето. Дополнително поради закани за живот, тренерите Рамадан Е. и Исмаили Е. ќе добијат Дисцплинска пријава.

Се вчитува...