Доминик Парис е победник на последниот спуст сезонава во Светскиот куп во алпско скијање, кој денеска се одржа во андорскиот Солдеу. Италијанецот до победата стигна со време од 1:26.80 минути, што беше за 34. стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Норвежанец, Кјетил Јансруд. Подиумот го дополни австриецот Отмар Штрајдингер кој заостануваше 41. стотинка зад победникот.
Шестата позиција на денешната трка беше доволна за Швајцарецот, Беат Фојц да се радува на малиот кристален глобус во оваа дисциплина. Во генералниот пласман австриецот Марсел Хиршер, минатиот викенд го осигура осмиот по ред голем кристален глобус.
Утре мажите ќе го скијаат последниот супервелеслалом сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА