Париското полуфинале меѓу Ѓоковиќ и Федерер е најдобриот тениски меч во 2018

Полуфиналната пресметка на Мастерсот во Париз меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер е прогласена на најдобар тениски меч во 2018 година. Дуелот на двајцата великани доби најмногу гласови во изборот на асоцијацијата на тениските професионалци. Мечот во Париз одигран на 3. ноември беше 47. меѓусебен дуел на двајцата тенисери, а Ѓоковиќ славеше по тричасовна борба со 3-0 во сетови.

Со таа победа српскиот тенисер ја прдолжи победничката серија на 21 последовен меч. Потоа во финалето загуби од Русинот Карен Хачанов.

Новак Ѓоковиќ направи огромен прогрес во втората половина од 2018 година пробивајќи се од 22. позиција на лидерското место на АТП листата на кое и ја завршува годината. Федерер е третопласиран.

Се вчитува...