Најстариот трофеј во историјата на англискиот фудбал, кој припаѓа на Фудбалската асоцијација на Англија, а кој последен пат беше доделен во 1910 година, беше понуден на аукција и купен од сопственикот на Манчестер Сити.
Шеикот Мансур бин Зајед го купи овој трофеј, па како донација од Манчестер Сити, го подарил на Националниот музеј на фудбалот, кој се наоѓа токму во Манчестер.
Интересно е и тоа што овој трофеј го освои тимот на Манчестер Сити уште во 1904 година, кога славеше против Болтон Вандерерс со 1-0.
Според англиските медиуми, овој трофеј Мансур го купил за 760.000 фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

