Парите станаа неочекуван проблем за Њукасл

Њукасл Јунајтед со влезот во новата ера се очекуваше да направи голем потрес на трансфер маркетот, но англискиот премиерлигаш мака мачи да стигне до засилување. Тимот ова лето осигура три нови играчи, но ниеден од нив не е во доемот на имиња кои беа поврзувани со клубот како Дембеле, Нејмар…

Англиските медиуми навлегуваат подетално во проблемот, а како „виновник“ ги наоѓаат парите на пребогатиот саудиски газда. Имено, преговорите кои останатите тимови и играчи ги имаат со Њукасл најмногу се темелат кон финансиите па за „скромни“ играчи се бараат астрономски цени.

Двата најнови случаи се преговорите со Реал Сосиедад и Баер Леверкузен за услугите на Александер Исак и Муса Диаби. 22-годишниот Швеѓанец според шпанскиот клуб не вреди ни цент под 90 милиони евра, а неговите лични барања за потпис на договор е плата од 200 илјади фунти неделно.

Ситуацијата е слична и со Французинот. Баер Леверкузен за услугите на 23-годишникот бара 60 милиони евра, сума која раководството на Њукасл едноставно не е подготвена да ја плати да играч кој сеуште се нема докажано.

Њукасл по превземањето од страна на саудискиот газда потроши 106 милиони евра во зимскиот преоден рок, а досега само 66 милиони евра за услугите на Свен Ботман, Мет Таргет и Ник Поуп.

Се вчитува...