Париз без четири кошаркари на клучните пресметки во Евролигата

Париз е најпријатното изненадување во Евролигата оваа сезона, но тренерот Тијаго Сплитер се соочува со големи проблеми со ростерот токму во клучниот дел од елитното европско натпреварување.

Францускиот тим е во трка за директно место во четвртфиналето, Париз во претстојното двојно коло го очекуваат гостувања против Панатинаикос и Фенербахче, за кои тренерот Сплитер нема да може да смета на дури четири кошаркари.

Маодо Ло и Колин Малком имаат повреди на мускулите и сигурно нема да бидат во комбинација не само за овој двомеч, туку и за наредниот период до крајот на лигашкиот дел од елитното европско натпреварување. Уште потешка е повредата на Далтон Хомс, кој поради скршеница на дланката ќе отсуствува од терените неколку месеци.

Сплитер не може да смета ниту на Леон Крацер, кој не е повреден, но нема да игра поради „лични проблеми“ и не се знае дали тој воопшто ќе се врати во тимот на Париз до крајот на оваа сезона.

Париз моментно се наоѓа на седмото место на табелата со скор 17-13. По гостувањата во Атина и во Истанбул, тимот на Ти-Џеј Шортс го очекуваат уште дуели со Реал Мадрид и со Алба.

Се вчитува...