Париз блесна во сиот сјај: Олимпискиот оган ќе лебди над „градот на светлината“ (фотогалерија и видео)

Свеченото отворање на Олимписките игри во Париз мина спектакуларно, откако сите спортисти учесници на невообичаен начин, на бродови на реката Сена парадираа пред фановите и официјалните лица.

Во текот на нивното претставување имаше и музичко шоу кое предизвика најразлични реакции, но не го наруши спектаклот во „градот на светлината“, кој продолжи со неверојатното шоу пред Ајфеловата Кула.

Таму олимпискиот факел прв го зеде Зинедин Зидан, го предаде на Рафаел Надал, од каде преку рацете на Серена Вилијамс, Команечи, Карл Луис, Морезмо, Гигу, Тони Паркер… на крајот заврши кај Мари Жозе Перек и Теди Ринер, кои го запалија олимпискиот пламен, кој со воздушен балон се крена над Париз, каде сите ќе можат да го гледаат за време на овие Олимписки Игри.

Шоуто заврши со извонреден настап на Селин Дион од Ајфеловата Кула, за заокружување на овој спектакл, се надеваме почеток на едни неверојатни Олимписки Игри.

 

Се вчитува...