Доминик Парис го осигура малиот кристален глобус во супервелеслалом, откако славеше на последната трка во оваа конкуреција сезонава. Италијанецот во андорскиот Солдеу, слаевше со време од 1:20.42 минути што беше за 15 стотинки подобро од второпласираниот Швајцарец, Мауро Кавицел. Третото место му припадна на австриецот Винсент Крихмаер кој заостана 44 стотинки зад времето на победникот.
Италијанскиоит специјалист за супервелеслалом глубусот во оваа дисциплина го освои со вкупно 430 бода. Распоредот во пласманот за супер-џи сезонава е сличен на денешниот подиум, Крихмаер е втор, а Кавицел на третото место. Во генерланиот пласман уште претходниот викенд трофејот го одбрани Марсел Хиршер.
Утре на програмата во Солдеу е тимското натпреварување во паралел слалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА