Париз го совлада Монако и го оддалечи од ЛШ

Екипата на Париз оствари убедлива победа над Монако од 4-1 во 29. коло од францускиот шампионат. Ова беше тежок удар за Монако во битката за пласман во Лигата на шампионите идната сезона.

Иконе уште во 4. минута донесе предност за домашниот тим, а во осмата Имобиле зголеми на 2-0.

Иконе во 21. минута се погрижи за трет гол на Париз во мрежата на Монако. Гостите намалија пред полувремето преку Балогун.

Но, во вториот дел Колеошо ги постави конечните 4-1.

Се вчитува...