Париз ја објасни причината за одложување на мечот против Фенербахче

Кошаркарскиот клуб Париз излезе со соопштение по критиките од европската кошаркарска јавност и Фенербахче за одложување на натпреварот од 17. коло на Евролигата против гигантот од Истанбул.

Францускиот клуб нагласи дека има само шест здрави играчи и дека тоа е причината што челниците на натпреварувањето го одложија натпреварот закажан за тој ден поради вирусот кој зарази поголем дел од тимот.

„Потсетуваме дека во вторникот вечерта тројца од нив беа премногу болни за да дојдат во Адидас Арена за да се сретнат со Реал Мадрид (85:96). Друг сакаше да дојде, но мораше да се откаже поради непријатност. Првиот тим овој петок тренираше во три одделни групи за да спречи ширење на инфекцијата. Од незаразената четворка се изолирани заболените и оние кои закрепнуваат“, е појаснувањето на преземените мерки.

Од Париз тврдат дека внимателно и континуирано ја следат ситуацијата, а им се обратија и на навивачите.

„Париз длабоко жали што многу навивачи, како на нашиот, така и на гостинскиот клуб, не можеа да дојдат на натпреварот од 17. коло на Евролигата. Нашите мисли се со верните навивачи на Фенербахче кои патуваа долг пат за да стигнат до „Адидас арената“. Ги потсетуваме клиентите дека билетите ќе важат во одложениот период, координиран во договорот со Фенербахче и Евролигата. Исто така, не би било во ред на гледачите да им се додели натпревар под стандардот во Евролигата, а прописите налагаат одложување на натпреварите кога тимот има помалку од осум играчи на располагање“, завршува соопштението на Париз. 

Се вчитува...