Американскиот кошаркар Кевариус Хејс повеќе не е член на Париз, објави шампионот на Франција.
„Тој дојде и освои трофеи. Ти благодариме за се, Кевариус Хејс и со среќа до крајот на кариерата. Оставивте белег во историјата на париската кошарка“, се вели во соопштението на Парис.
Хејс со Париз во претходната сезона ја освои шампионската титула и Купот на Франција. Пред Париз играше за Жалгирис, Бурса, Асвел и Канту.
Тој е еден од најдобрите дефанзивци во Евролигата на својата позиција. Во елитното натпреварување Американецот имаше просек од 6,5 поени и 4,6 скока по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

