Париз се тресе, ПСЖ под лупа од европскиот суд – Ќе се истражува ангажманот на Меси!

Тимот на Пари Сен Жермен повторно се најде во проблеми, откако претходно се појави информацијата за незадоволството на Килијан Мбапе и желбата да си оди само три месеци откако ја продолжи соработката, па сега протече информацијата дека ангажманот на Лионел Меси во минатото лето е под истрага на европскиот суд.

ПСЖ е под лупа за трансферот и ангажманот на Меси, кој во Париз дојде како слободен играч и без отштета за што се вели дека е прекршен правилникот за регулирани финансии за 2021 година.

Пријавата ја поднела „пења“ (навивачка група) на Барса од Лион до Европскиот суд на правдата во Луксембург, кој наскоро треба да решава заспорната Суперлига и монополот на УЕФА во европскиот фудбал. Проблемот е што ПСЖ пријавува(л) загуби, а иако ни цент не потрошил за обесштетување, платата од 40 милиони евра е тоа што го прекршило финансискиот фер-плеј.

На Меси договорот му истекува на лето догодина, а веќе ПСЖ најави дека планира да го задржи, додека од Аргентина и Каталонија доаѓаат најави за негв кам-бек во Барселона.

Се вчитува...