Повремениот македонски кошаркарски репрезентативец, Ти Џеј Шортс продолжува со неверојатните партии сезонава во Евролигата. Вечерва тој го водеше неговиот Париз до голема победа на гостувањето кај грчкиот великан Олимпијакос од 90-96.
Откако во првото полувреме двата тима играа речиси во егал, гостите клучната разлика ја направија во третиот период по кој имаа огромни плус тринаесет (60-73). Во последната четвртина иако домаќините пробаа да се вратат, сепак се што успеаја е да стигнат до почесен пораз 90-96.
Ти Џеј Шортс со 21 поен, надополнет со осум асистенции и три скока беше убедливо најдобриот поединец кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 25 поени на Фурние.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА