Американскиот кошаркар Џабари Паркер се збогуваше со навивачите и раководстово на Барселона кое и самото му посака се најдобро во продолжението на кариерата со обостран раскин на договорот кој важеше до крајот на следната сезона.
Следната дестинација на вториот пик на драфтот во 2014 година се очекува да биде белградски Партизан, нешто што го потврди и неговиот агент кој неодамна изјави дека двете страни се блиску до постигнување на договор.
Паркер за Барселона одигра 77 натпревари во Евролигата за две сезони. Во последната бележеше просек од 12.2 поени и 4.1 скокови по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

