Паркер по отказот на својот брат: Ни требаше шок терапија

Асвел не тргна добро во новата сезона. Четири порази во Евролигата, три во домашниот шампионат, што придонесе да биде отпуштен тренерот Ти Џеј Паркер, кој го предводеше клубот од 2020 година.

Отказот му го врачи неговиот брат, прославениот кошаркар Тони Паркер кој ја врши должноста претседател на клубот.

Се огласи и некогашниот славен играч на Сан Антонио и објасни зошто донел таква тешка одлука.

„Беше време за промена, имавме ужасни резултати, неприфатливи. Јас сум трпелив. Се разделив со Митровиќ после 1,5 година, затоа што играчите не сакаа да играат за него, но тоа сега не беше случај. Сите играчи го поддржуваа Ти Џеј, но одлуката беше моја. Потребна е шок терапија, нова визија, нов тренер. Тимот не може да го покаже целиот потенцијал“, истакна Паркер.

Се вчитува...