Паркер преживеа 12 рунди, но Ентони Џошуа ги обедини шампионските ремени

Ентони Џошуа ја одбрани титулата светски првак во тешка категорија со победата над Џозеф Паркер со едногласна одлука на судиите, пред повеќе од 80.000 гледачи на стадионот „Мунисипалити“ во Кардиф. Џошуа ги обедини шампионските ремени во верзиите ИБФ, ИБО, ВБО, ВБА покажувајќи уште еднаш дека во моментов е доминантен боксер во тешка категорија во светот. Двајца судии гласаа 118-110, додека третиот се одлучи за 119-109 во полза на Џошуа.

Џозеф Паркер сепак одлично се држеше на рингот во дуелот со Ентони Џошуа. Тој е првиот боксер кој успеал да остане на нозе и да заврши меч против Џошуа, кој досега имаше 20 нокаути во исто толку борби. Паркер исто така досега беше непоразен во 24 меча, а вечерва за првпат ја почувствува горчината на поразот.

 

Се вчитува...