Паркер се огласи за неговата ситуација во Партизан: Нема никаква драма

Џабари Паркер минатото лето пристигна во редовите на Партизан како бомбастично засилување, но не само што не успеа да се прослави на стартот на кариерата во „црно-белиот“ дрес, туку е и едно од најголемите разочарувања во сезоната.

Во медиумите се јавија гласини за можен отказ на Американецот во Партизан, особно по фактот дека замина назад во САД, но само за кратко со цел да биде со семејството при смртен случај.

Паркер сега се врати назад во Белград и говореше за медиумите ставајќи крај на разните шпекулации.

„Благословен сум што сум тука. Не знам што се гласините, за мене најважни се натпреварите кои следат. Важно е да започнеме како што треба од утре. На тоа сум фокусиран“, изјави Паркер пред натпреварот против Фенербахче па говореше и за атмосферата во екипата.

„Ова е нов тим, ние сме во период на адаптација и потребно ни е време. Сите се мачиме како тим. Учинокот говори за сега и мораме многу да напреднеме“

Се вчитува...