Паркер со трансфер совет до „ѓаволите“: Само еден играч може да биде топ-засилување на Јунајтед

Екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Паркер упати трансфер совет до управата на клубот за ангажман на еден фудбалер во следните два преодни рока.

Паркер смета дека Деклан Рајс е идеалното решение за клубот од „Олд Трафорд“ и посочи дека фудбалерот на Вест Хем би бил најдоброто засилување во годините наназад.

„Тој е играч кој му е потребен на Манчестер Јунајтед. Го видовме токму против Манчестер Јунајтед дека навистина им е поребен таков играч. Тој е далеку подобар од сите играчи од средината кои ги има Манчестер Јунајтед. Мислам дека би бил најдоброто засилување за долг, долг период во Манчестер Јунајтед, доколку пристигне тука“, потенцираше Паркер.

И самиот Деклан Рајс како да најави дека не би имал ништо против да заигра за „ѓаволите“ затоа што по натпреварот одигран на „Олд Трафорд“ истакна дека секогаш се чувствува специјално кога игра на „театарот на соништата“.

Се вчитува...