Парма го потврди камбекот на Буфон: Супермен се врати дома

Џанлуџи Буфон ќе ја заврши својата блескава кариера онаму каде што ја започна, откако ветеранот на 43-годишна возраст потпиша договор со Парма.

Буфон пред повеќе од еден месец објави дека заминува од Јувентус, но планира да игра уште најмалку една сезона, по што на негова адреса пристигнаа бројни понуди од најразлични краеви на светот. Тој сепак се реши да дојде назад во Парма, клубот што во 2001 година го напушти за да се пресели во Јувентус.

Парма сезонава испадна од Серија А, но Буфон сака со овој трансфер да помогне клубот да е врати назад во елитата, што би претставувал негов последен успех во феноменалната кариера во која освои десет шампионски скудета со Јувентус и една титула во Лига 1 додека накратко натапуваше за ПСЖ во сезоната 2018/19.

Парма овој супер-трансфер го официјализираше со фантастично видео со назик „Супермен се врати“ – со порака повторно е онаму каде што припаѓа.

Се вчитува...