Парма и Џенова без „муниција“ на Енио Тардини

Парма и Џенова одиграа меч без голови на „Енио Тардини“ во рамките од 21. коло во Серија „А“. Парма може да биде посреќна со овој резултат, со оглед дека Џенова имаше повеќе шанси, кои не ги искористи.

Првата шанса гостите ја имаа во 16. минута преку Коломбо, кој шутираше лошо, и Корви успеа да одбрани. Парма врати со прилика за Леали, меѓутоа не успеа. Во 88. минута Џенова со уште една шанса преку Коломбо, но Парма некако успеа да се одбрани и да не прими гол.

Парма со овој бод има 23 и се најде на 13. место на табелата, додека Џенова со три бода помалку е на 16. позиција.

Се вчитува...