Парма му зема „скалп“ на Јувентус, Елмас и Торино славеа над Удинезе (ВИДЕО)

Екипата на Јувентус го очекува жестока битка за место во Лигата на шампионите во финишот на сезоната во Серија „А“ откако вечерва загуби од Парма во 33. коло во италијанскиот шампионат.

Пелегрино во првата минута од судиското надополнување пред полувремето, го постигна голот вреден  три бода за Парма, и огромен чекор кон опстанокот во Серија „А“. Јувентус доцна се разбуди во вториот дел, во финишот направи некоја шанса, но премалку за да се избегне поразот.

Торино со Елиф Елмас како стартер го порази Удинезе со 2-0. Македонскиот фудбалер во 76. минута ја напушти играта при 1-0, а до крајот на мечот неговиот тим постигна уште еден гол. Стрелци за Торино беа Адамс во 39. минута и Дембеле во 85. минута.

Џенова на домашен терен загуби од Лацио со 0-2, додека Фиорентина славеше на гостувањето кај Каљари со 1-2.

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...