Илија Несторовски би можел да биде вториот Македонец кој ќе го носи дресот на Парма, ако се остварат најавите дека Нестор би можел да заврши на „Енио Тардини“.
Се шпекулира дека тренерот на Парма, Џузепе Јакини го сака Несторовски во тимот, откако со него работеше во 2016 година во Палермо.
Несторовски пред еден месец се врати по неколкумесечна пауза по тешката повреда поради која го пропушти настапот на ЕП оваа година.
За Несторовски има интерес од уште неколку клубови во Серија „Б“. Неговиот договор со Удинезе истекува во јуни 2022 година, и може да си замине како слободен, доколку во меѓувреме не ја продолжи соработката со тимот од Удине.
Претходно единствениот Македонец кој настапуваше во Парма е Стефан Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

