Циркус: Мајк Тајсон заспа среде ТВ интервју… (ВИДЕО)

Легендарниот Мајк Тајсон уште еднаш е во центарот на вниманието на јавноста откако заспа среде интервју за англиското шоу „Добро утро Британија“ на ИТВ.

Најпрво загриженост кај неговите фанови, а потоа и смеа предизвика неговото ТВ гостување за кое подоцна имаше и објаснување.

„Здраво на сите и цела Британија. Се обидов да останам доцна за интервјуто, но заспав. И како лав, за човек е многу тешко да ме разбуди откако ќе заспијам. Тренирам напорно и легнувам рано. Немав монитор пред мене и не можев да ве видам и заборавив да погледнам во камерата. Ете се случи, но интервјуто добро помина“, напиша Тајсон на социјалните мрежи.

Се вчитува...