Парондо ги избра ракометарите за Медитеранските игри

Роберто Парондо денеска го објави списокот на ракометари на чии услуги овој стратег ќе смета при настапот на Македонија за Медитеранските игри во Тарагона, од 24 јуни до 1 јули. Шпанецот Парондо, кој му е асистент на Раул Гонзалес во сениорскиот тим, ја доби довербата на РФМ да ги предводи „црвено-жолтите“ во Тарагона, каде новиот тренер на Вардар на својот поширок список стави 24 ракометари.

Станува збор за комбиниран состав од сениорски и младински репрезентативци, како и неколкумина помлади ракометари на кои стручниот штаб на нашата селекција ќе смета за креирање во сениорската репрезентација во иднина.

Првиот тренинг е закажан за 4 јуни 2018 со почеток во 16:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Нашата машка репрезентација Игрите во Тарагона ќе ги отвори на 23 јуни со натпревар против Турција, ден подоцна ќе играме со Египет, а во групната фаза ќе се сретнеме и со селекцијата на Србија. Во периодот од 27 јуни до 1 јули ќе се играат завршните фази од турнирот.

Список на повикани ракометари:

Мартин Томовски, Никола Даниловски, Никола Митревски, Даниел Ѓоргевски, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Димитар Димитриоски, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Мартин Манасков, Дарко Георгиевски, Ласко Андоновски, Филип Чурлевски, Мартин Велковски, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов, Мартин Поповски, Никола Костески, Костадин Петров, Милан Лазаревски, Филип Арсеновски, Дарко Димитриевски, Жарко Пешевски, Милорад Куковски.

Се вчитува...