Парондо: Горд сум на моите ракометари и покрај сите проблеми

Двократниот европски шампион Вардар стигна до голема победа во главната групна фаза во Лигата на Европа откако вечерва славеше на домашен терен против Мелсунген со  37-33.

По мечот свое видување даде и тренерот на гостите Гарсија Парондо…

“Честитки до Вардар за победата. Сакам да им честитам и на мојот тим што даде максимум бидејќи сме во лоша ситуација со болест меѓу играчите и повреди. Овие момци дадоа се од себе се бореа до самиот крај за победа и не можам да им замерам за ништо. Му посакувам среќа на Вардар понатаму “, изјави Парондо.

Се вчитува...