Вардар супериорно го доби дуелот со Кристијанштад (33-25) во Лигата на шампионите за два од два на стартот од новата сезона. „Црвено-црните“ имаа импресивен старт и водство од 6-0, што како што нагласи и тренерот Роберто Парондо, на крај беше клучниот момент во мечот.
„Многу сум задоволен од моите играчи, одиграа многу добар натпревар, и што е најважно, дојдовме до победа. Им реков на играчите дека сите натпревари во Лигата на шампионите се силни, без разлика со кого играме. Овој пат мислам дека клучни беа првите десет минути и затоа после изгледаше лесно. Ќе се трудиме на секој натпревар да играме со полн интензитет во текот на сите 60 минути“ – изјави Парондо.
Во следното коло од ЛШ, на 29 септмеври Вардар му гостува на Веспрем во дербито на колото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА