Парондо: Мило ми е што Македонија игра на СП … Имам навистина убави спомени од Скопје

Македонија како замена за Чешка влезе на Светското ракометно првенство каде е во група со домаќинот Египет, Шведска и Чиле. Селекторот на Египет, Роберто Гарсија Парондо вели дека е среќен за Македонија бидејќи дојде до учество на шампионатот.

„Честитки на Македонија за учеството на СП во Египет. Навистина имам убави спомени од Скопје. Но, од друга страна реално навистина ми е жал за Чешка. Тешка ситуација е и воопшто не е чесна за ниту еден тренер. Со месеци се подготвувавме за Чесите, а сега имаме многу малку време да се подготвиме за тотално различен противник“, изјави Парондо. 

Македонија против домаќинот Египет ќе се сретне во второто коло од групната фаза, натпревар кој на програмта е во сабота во 18 часот.

Се вчитува...