Ракометарите на Вардар по поразот од Кјелце во Лигата на шампионите, поразени се и од ППД Загреб во СЕХА лигата (26-23). За разлика од импресивниот старт на сезоната, во последните два натпревари падна темпото и сигурноста во играта на „црвено –црните“.
„Загреб беше подобар денеска, беа добро мотивирани и поуспешни на крај. Ние не успеавме да се регенерираме комплетно по натпреварот во неделата против Кјелце, но тоа дефинитивно не е оправдување. Мора да играме подобро без разлика на околностите и јас се надевам дека ќе бидеме подобри на следните натпревари“ – рече тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.
Напорно гостивање и тежок пораз викендов во ЛШ имаше и ППД Загреб против Мотор Запорожје. Но, за разлика од Вардар, Лино хрватскиот шампион успеа да се врати во ритам, а Лино Червар знаеше како да ја искористи шансата и слабиот отпор на „црвено-црните“.
„Бевме многу поагресивни вечерва за разлика од настапот во Запорожје и според мене, тоа го реши натпреварот. Независно од оваа голема победа, ние мора да продолжиме со добра работа и да ја подобруваме играта“ – истакна Лино Червар.
По седмото коло, ППД Загреб се изедначи со Вардар на врвот на табелата во СЕХА лигата со шест победи и еден пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА