Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо не го криеше задоволството од новата победа на „црвено-црните“ во Лигата на шампионите. Овој пат во „Јане Сандански“ падна и повеќе од моќниот Рајн Некар Левен…
„Ние само играме најдобро што знаеме и умееме, а потоа секако доаѓаат победите. Навистина одигравме тежок натпревар во кој мораше да се даде максимумот против еден тим со извонредни ракометари. Одигравме квалитетно второ полувреме кое го одлучи победникот. Не се оптоваруваме што ќе биде во иднина, сакаме само да играме исто вака и во продолжението од натпреварите во Лигата на шампионите“ – истакна Парондо на прес-конференцијата по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА