Вардар ја има фаворитската улога во пресрет на двомечот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Загреб, од кој првиот натпревар ќе се игра утре вечер во хрватскиот главен град. Роберто Парондо е свесен за тежината на предизвикот, фаворитската улога да се оправда на терен, посочувајќи дека Тамше на спротивната страна сигурно ќе се обиде да приреди одредено тактичко изненадување.
„Секогаш очекуваме нешто ново. Кога е само еден меч, тогаш се фрла се на тој натпревар. Работиме и ние, се подготвуваме, но не е исклучено дека ќе има нешто плус, и од страна на нашиот ривал. Нормално е да има притисок зашто сакаме да играме во четврт-финалето на ЛШ. Сега не смееме да имаме грешка, мораме да бидеме подобри од Загреб“ – истакнува Парондо.
Добра вест за Вардар е што повредените ракометари се вратија во тренажен процес, па и Борозан и Мораеш се стопроцентно подготвени за пресметката со Загреб.
Вардар и Загреб досега се сретнале десет пати во европските купови, при што „црвено-црние“ имаат четири победи, наспроти пет на хрватскиот тим. Сепак, од последните четири дуели меѓу овие ривали Вардар има три победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА