Парондо: Одбраната ја направи разликата

Со расположен Игор Карачиќ и со најдобра партија на Калифа Гедбан откако пристигна во Скопје, Вардар славеше против Мешков Брест во 6.коло до Лигата на шампионите. Иако на стартот од мечот работите не му одеа во прилог, на крај Вардар се радуваше, а тренерот Роберто Парондо имаше причина да биде задоволен.

„ Одигравме тежок натпревар против силен противник и затоа можеме да бидеме задоволни од сработеното. Мешков е цврст и квалитетен тим. Ние одигравме добро и во првото и во второто полувреме во напад, но разликата беше во играта во одбраната. Во вторите 30 минути ја зацврстивме играта и направивме предност која ни помогна да дојдеме до убедлива победа“, изјави Роберто Парондо.

Следен предизвик за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите, ќе биде дуелот со Барселона на 11 ноември, а претходно за загревање ги очекува натпреварот против Нексе во СЕХА.

Се вчитува...