Стратегот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, изрази задоволство од освоениот бод на гостувањето во Белорусија. „Црвено-црните“ во второто полувреме беа во негатива од пет гола, но покажаа карактер и се вратија, со голот на Дисингер избегнувајќи пораз.
„Ова беше добар натпревар на кој и двата тима освоија по еден бод. Првото полувреме беше израмнето, но во второто почнавме сериозно да заостануваме. Нашиот ритам беше нарушен со честите исклучувања од по две минути, поради кои цело време бркавме резултат Севкупно гледано, задоволен сум и му честитам на својот тим за ова реми“ – истакна Парондо.
На прес-конференцијата по натпреварот кратка изјава даде и Глеб Калараш.
„Очекувавме тежок натпревар, тоа и се случи на теренот. Задоволни сме од овој бод бидејќи е многу тешко да се игра во Брест“ – изјави рускиот интернационалец во дресот на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА