Роберто Гарсија Парондо е еден од кандидатите за тренерското место во Вардар. Шпанецот кој со „црвено-црните“ на неверојатен начин ја освои титулата во Лигата на шампионите во 2019 година е пред можно враќање во двократниот европски шампион.
Тој во моментов е селектор на Египет каде на последното Светско првенство само среќа го делеше од елиминација на актуелниот шампион Данска. По крајот на сезоната сигурно е дека Стевче Алушовски го напушта Вардар, а неговата замена ќе биде позната на крајот од сезоната.
Покрај Парондо во игра за нов предводник на Вардар се и Веселин Вујовиќ, како и Давид Писонеро кој имаше неславна авантура на клупата на „црвено-црните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА