Парондо: Проблем беше реализацијата, но имаме двајца одлични голмани

Вардар по тешка битка славеше во Шведска над Кристијанштад, останувајќи во игра за второто место во групата. Најзаслужен за триумфот беше алжирскиот интернационалец Гедбан, кој бранеше извонредно во второто полувреме, крунисувајќи ја својата одлична партија со одбранет зицер во последната минута, при резултат 29-30.

„Игравме добро, но проблем беше реализацијата. Стигнувавме до позиција да шутнеме, но промашувавме. Важно освоивме бодови и сега мирно ќе го чекаме последното коло. Знаевме дека ќе биде тешко тука бидејќи Кристијанштад игра добро дома, но и ние се подготвувавме. Секој што играше си ја знаеше својата работа и добро функциониравме. Имаме двајца голмани и нормално е да очекуваме да бранат добро. Дејан имаше добра сезона, но и Гедбан е добар и тоа го покажа вечерва. Едниот е добара на еден натпревар, другиот на друг меч. Затоа имаме два голмани“ – истакна стратегот на „вардарци“, Роберто Парондо.

Вардар во последното коло од групната фаза на 2 март ќе го пречека европскиот првак Монпелје, натпревар на кој „црвено-црните“ мораат да слават, а потоа и да се надеваат на услуга од Кјелце на дуелот во Полска против Веспрем.

Се вчитува...