Во дуелот за ракометни гурмани, Вардар в недела во „Јане Сандански“ ја пречекува Барселона. Дербито од врвот на табелата во групата А од Лигата на шампионите предизвикува голем интерес и во пошироката ракометна јавност.
И Вардар и Барселона која моментно е на лидерската позиција на табелата, по првите шест натпревари имаат по пет победи и по еден пораз. Свесен за важноста и за тежината на дуелот со Барселона, тренерот на Вардар, Роберто Парондо, истакна дека вардарци се добро подготвени за големото дерби во ЛШ.
„Сите сме возбудени пред натпреварот со Барселона. Во оваа сала секогаш кога играме големи натпревари трибините се полни, и во недела очекувам голема поддршка од трибините и одлична атмосфера. За квалитетот на нашиот противник не треба многу да се зборува. Тоа е тим кој секогаш е на високо ниво и претендира за пласман на Ф4 во Келн. Барселона сезонава игра поквалитетно од лани и сигурно не очекува тежок и неизвесен натпревар. Вардар е подготвен за тоа“ – изјави Роберто Парондо.
Натпреварот Вардар – Барселона се игра во недела со почеток во 17 часот, а влезниците за мечот одамна се веќе распродадени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА