Парти се изјасни за невин за обвинувањата за силување

Томас Парти кој ова лето замина од редовите на Арсенал и кариерта ја продолжи во Шпанија каде стави потпис со Вилјареал се појави пред судот во Англија и се изјасни како невин за обвинувањата за силување и сексулан напад.

Парти е обвинет под пет точки за силување и една точка за сексуален напад за случувања во 2021 и 2022 година.

Ганецот има обврска редовно да се одзива на рочиштата на судот, за што веќе доби специјална дозвола од шпанскиот прволигаш да заминува за Англија секогаш кога тоа ќе биде побарано од него.

Се вчитува...