Партизан без Карлик Џоунс до крајот на годината

Плејмејкерот на Партизан, Карлик Џоѕнс, ја повреди петтата метатарзална коска на стапалото и ќе биде надвор од терените најмалку три месеци.

Партизан сега е во доста голем проблем бидејќи единствениот вистински организатор на играта сега е Двејн Вашингтон, а Стерлинг Браун би можел да му помогне во тоа, иако тоа воопшто не е неговото природно место.

Ифе Лундберг исто така е сè уште на црно-белиот платен список, но прашање е дали треба да се очекува негово враќање во Белград. Поради оваа ситуација, можеби нема да биде чудно ако Партизан се обиде да најде нов плејмејкер бидејќи репрезентативецот на Јужен Судан ќе биде надвор од терените до јануари.

Се вчитува...